Здравески : Младите заслужуваат да создаваат иднина дома, во Охрид.

Гарантираме работа, промени и создавање проекти со идниот градоначалник на нашиот Охрид, Д-р Кирил Пецаков, истакна на денешната прес конференција Александар Здравески, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за советник од коалицијата „Обнова на Македонија“.

 |   | 

Гарантираме работа, промени и создавање проекти со идниот градоначалник на нашиот Охрид, Д-р Кирил Пецаков, истакна на денешната прес конференција Александар Здравески, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за советник од коалицијата „Обнова на Македонија“.

ИЗГРАДБА НА МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР со библиотека, читална, простор за дебатен клуб, кариерен центар, простор за семинари, кафе бар кој освен за пауза идеален и за настапување на охридски бендови, а воедно и простор за учење, едукација и за забава на младите во секој период од годината. СУБВЕНЦИОНИРАНИ КУРСЕВИ ПО ИНФОРМАТИКА, МАТЕМАТИКА И АНГЛИСКИ ЈАЗИК за невработени лица и студенти во Општина Охрид коишто живеат во семејства со ниски месечни примања или семејства во социјален ризик. СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТАЛЕНТИРАНИ МЛАДИ ЛУЃЕ коишто покажуваат талент во одредена област и се истакнуваат на натпревари. СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ кои се истакнуваат во образованието и ја планираат својата кариера во областа на туризмот во Охрид. ОТВОРАЊЕ РЕАЛНИ КОМПАНИИ ВО СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА со цел младите да бидат што поподготвени за влез на пазарот на трудот. ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКИ СОВРЕМЕНИ ИГРАЛИШТА – потенцираше Здравески.

Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за Младите и нивна светла иднина во Охрид! 7 за победа на Д-р Кирил Пецаков и советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ -додаде Здравески на денешната прес конференција.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top