Здрава храна во Охрид

Доколку сакаме здрава храна треба да користиме биохумус, наместо хемикалии, велат производителите на здрва храна.

 |  Татјана Маленкова  | 
Borce Stojanoski
Борше Стојаноски

Доколку сакаме здрава храна треба да користиме биохумус, наместо хемикалии, велат производителите на здрва храна.

За предноста на агробиологијата треба луѓето масовно да ги информираме, затоа што на тој начин на производство кој е е далеку поевтин се добива  многу повеќе род, велат екологистите.

Охридскиот регион е идеален за производство на градинарски производи, поради исклучително добрата клима која ја има.

„Производите кои ги одледуваме покрај убавот изглед, доколку сакаме да се и здрави треба да користиме биохумус, наместо хемикалии“, вели Борче Стојаноски, производител на здрава храна.

plastenica„Денеска тренд во светов е се она што се променало во земјата со користењето на агрохемијата да се поправи. Луѓето треба да се информираат за предноста која им ја нуди агробиологијата. Помали трошоци, а поголем приход“, вели Зоран Чифлигароски, од ЕД грашница.

Агрохемијата доведе до дебаланс на хранливите материи во почвата, така да примената на микробиолошките ѓубрива значат, земеното од природата и повторно да се вратат назад.

Преку органското производство се заштитуваат и водите, бидејки се намалува истекувањето на нитрати од  микробиолошките ѓубрива во земјата. Со тоа се заштитуваат подземните води како значаен природен ресурс.Со биохумосот има подобрување и на биодиверзитетот,  поради тоа не се загрозени црвите, пајаците и другите корисни инсекти кои ја подобруваат структурата на земјата. Според регулативата на ЕУ во однос на животната средина со органското земјоделие се добива инетерсна слика и во природата. Имено сите 4 елементи, почвата, водата биодиверзитеот и пејсажот со органското земјоделие се подобруваат.Жвотната средина има добробит, поради  тоа што со овој начин на производство на храна, се добива здрава прехрана спротивна на досегашното земјоделие кое досега се базираше на хемија.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top