„Збогум градинке моја, среќно првачиња“

Идните првачиња, денес ги добија и своите први дипломи, а за оваа пригода беше подоготвена посебна забавна програма.

 |  Крсте Голабоски  | 
gradinka
градинка

gradinkaСите ние до крај на животот се сеќаваме барем на еден од нашите другари од градинка.

Денес дечињата од охридските градинки, ја завршија оваа учебна година. Подготвени догодина да,седнат во училишните клупи, и да станат првачиња, се пофалија за она што го научиле од професионалниот тим воспитувачи во охридските градинки.

Marina Petroska TodoroskaГрадинката е средина во која се формираат здрави детски личности, со примена на современи воспитно образовни средства и под будното око на професионален тим воспитувачи, опремени со кодекс на однесување на највисоко ниво, кажа директорката на ЈОУДГ Јасна Ристеска – Охрид, Марина Петроска Тодорска. Таа додаде дека оваа мала свеченост веќе е традиција.  На приредбата насловена како „Збогум градинке моја, среќно првачиња“, дечињата од охридските градинки ги добија и своите први дипломи, со фотографија и имиња на своите другарчиња. За тоа колку подготвени дечињата ке излезат од оваа институција, Директорката Тодоровска, оптимист.

Тодороска е сигурна дека стеблото кое во охридските градинки е формирано е цврсто, многу здраво и подготвено за понатамошен успешен живот.  ЈОУДГ Јасна Ристеска – Охрид ја сочинуваат пет објекти и тоа: “ЦЕНТРАЛНА”, “РАЗВИГОРЧЕ”, “БИЛЈАНА”, “РОСИЦА”, “ЛИХНИДА” лоцирани на различни места во градот. Секоја занимална во објектите е опремена со соодветни детски катчиња. На денешната приредба, учествуваа ѕвездите од фестивалот “Распеано рибарче’, и малдите танчери од балетските студија „Соната“, и „Визави“.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top