Да заживее спортскиот туризам во Охрид

Петставници на хотелските капацитети, локалната самоуправа и раковоството на ЈП “Биланини извори” седнаа на заедничка маса. Разговаа за тоа кој колку може да помогне во развивањето на спортскиот туризам во градов. Генерално хотелите се согласија да учествуваат во проектот, но побараа да се формира тело кое би требало да направи анализа од каде треба да се почне.

 |  Татјана Маленкова  | 
Kanevce
Каневче

sostanokПетставници на хотелските капацитети, локалната самоуправа и раковоството на ЈП “Биланини извори” седнаа на заедничка маса. Разговаа за тоа кој колку може да помогне во развивањето на спортскиот туризам во градов. Генерално хотелите се согласија да учествуваат во проектот, но побараа да се формира тело кое би требало да направи анализа од каде треба да се почне.

Охрид може да живее и од спортски туризам, посебно вон сезона. Ова е ставот на  претставниците на хотелите, локалната самоуправа и првите луѓе на ЈП “Билјанини извори” по денешната заедничка средба.
Целта на состанокот, инициран од ЈП беше да се разгледаат можностите за соработка помеѓу Билјанини извори и сместувачките капацитети во Охрид.

„Во минатиот период имавме екипи кои претежно доаѓаа од нашиве соседни земји, меѓутоа годинава, за жал, екипите кои дојдоа педвреме го напуштија Охрид,поради тоа што немаа услови за тренирање.”- рече директорот на ЈП “Билјанини извори”, Илче Каневче. Тој од хотелските капацитети побара во рамките на своите можности финасиски да помогнат во тековно одржување, санација, доопремување и изграба на нови терени.

Директорот Каневче даде предлог и таксата која ја плаќаат сместувачките капацитет од 40 денари за  спортски екипи кои доаѓаат на подготовки во Охрид, хотелите да ја уплаќаат на сметката на ЈП,а парите кои ќе се соберат да се користат за зајакнување на капацитетите.
Во поглед на првата точка веќе имаме соработака, рече менаџерот на продажба, Филип Мишев од хотелот “Метропол”. Благодарение на неа дел од нашите капацитети беа исполнети и минатата година.

„Проблемот е како капацитетите да ги  пополниме и вон сезона, поточно од октомври до мај“, додаде Мишев.

И менаџерот на хотел “Климетица”,Надица Бошалева призна дека и покрај тешкотиите да се донесе екипа во Охрид, хотелите се соочуваат и со дополнителни тешкотии истите да се задржат.
„Една од причните поради која неможеме да ги задржиме екипите е поради тоа што немаме терен со вештачка трева”- додаде таа.

„Далеку сме од спортски туризам но добро е заедно да се обидеме да го направиме зародишот на овој вид туризам кај нас. Нема дилема дека постои интерес за соработка“, истакна менаџерот на хотелот “Силекс” Тоше Чочороски.

“Ние сите работиме во приватни објекти, па зотоа морам да кажам дека сопствениците на истите се тие кои ќе го дадат последниот збор во однос на финасирање на спортските терени.”- додаде Чочороски.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top