• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Завршија археолошките ископувања во јужната половина на Самоиловата Тврдина -сарајот на Џеладин Бег

Завршија археолошките ископувања во јужната половина на Самоиловата Тврдина -сарајот на Џеладин Бег

Во текот на месец септември-октомври 2020г , во рамките на програмските активности на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј -Охрид , како дел од програмата за култура и буџетски средства на РС Македонија беа реализирани систематски археолошки ископувања во јужната половина на Самоиловата Тврдина – Цитадела, кажува Анатоли Арнаудовски, раководител на проектот.

 |   | 

Истражувањата се во континуитет со ископувањата од 2016г. во делот помеѓу источниот и преградниот бедемски ѕид.Цел беше да се открие целосно овој дел на габаритниот простор на цитаделата во јужната половина, односно делот од сарајот кој припаѓал на Џеладин-Бег, а истиот бил опожарен во 1830г“, истакна Анатоли Арнаудоски виш кустос археолог.

Арнаудовски објаснува дека откриени биле ѕидови и опожарени делови, фрамнетирана градежна керамика, монети и фрагменти од луксузни лулиња кои потекнуваат од Османлискиот период.

Забележлива беше и калдрма чии делови беа откриени со претходните истражувања, а исто така беа пронајдени и одреден број на грниња кај кои декорацијата е изведена во појаси од плитко врежани жлебови и брановидни линии нанесени под устието или рамото на садовите, објаснува археологот.

Со ова заврши уште една етапа во истражувањето на Самуиловата Тврдина и секако останува во иднина да се доистражат западните и јужни делови од објектот како и постарите културни хоризонти во овој значаен простор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top