Заврши вториот саем за туризам во Охрид

Со свечено затворање во Хотел Инекс  Горица денеска заврши вториот по ред Саем за туризам во Охрид.

 |  Ристо Јакимоски  | 
logo
лого

Со свечено затворање во Хотел Инекс  Горица денеска заврши вториот по ред Саем за туризам во Охрид.

Поканетите туристички оператори разговараа за туристичките капацитети на државата, разгледување и промоција на Македонија, како и за согледување на ефектите од глобалната економска криза и ефектите врз туризмот во Македонија.

Со странските туристички оператори склучени се повеќе меморандуми за понатамошна соработка во однос на понатамошна промоција на Македонија во областа на туризмот. Најголема соработка се очекува да се оствари со Италија, посебно во периодот околу Водици.

sameski prostorНа бината на плоштадот од страна на Агенцијата за туризам беше врачена наградата св Климент Охридски на претседаттелот на АКУАПУРА ИНТEРНАЦИОНАЛ од Португалија. Причина за доделувањето на наградат е предстојното уредување на преспанскиот регион во современо летувалиште. Исто така беа доделени околу триесетина благодарници на излагачите на овогодинешниот саем .

Организаторите на овогодинешниот саем се задоволни од посетеноста која според нивни проценки изнесувала 15 000 граѓани. Од понудената програма пред гостите и нивните реакции се очекува идната година Охрид да има двојно поголем број на туристи во овој период од годината.

 

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top