Заврши судскиот процес за случајот „Лизгалиште“

Заврши судскиот процес за случајот „Лизгалиште“. Тужениот Деан Блажески рече дека е задоволен што повисоките судски инстанци конечно се одважиле  и почнале да работат во служба на правдата. Конечната пресуда треба да биде донесена после велигденските празници.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Заврши судски процес за случајот „Лизгалиште“. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески уште пред три години го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески за клевета бидејќи проектот за лизгалиштето на охридскиот плоштад го нарекол штетен и криминален, а при тоа го споменал неговото име како потписник на договорот. Блажески пак, тврдеше дека никаде не споменал дека договорот е криминален туку дека имал основано сомнение за контроверзен договор. Спасески во овој спор првенствено бараше оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште, но судијата утврди дека ова сума е неоснована па беше намалена на 20 000 ден. Овој судски процес заврши уште пред две години и тоа во корист на тужителот Спасески, но тужениот Блажески поднесе жалба до Апелациониот суд во Битола и случајот беше вратен назад.

Задоволен сум првенствено што повисоките инстанци се одважија конечно и почнаа да работат во служба на правдата. Со самото тоа што повеќе не беше поставено лизгалиштето е доказ дека не било се како што треба. Јас не сум против тоа да има лизгалиште туку за неговото поставување да бидат запазени сите прописи, рече Деан Блажески, обвинет во случајот „Лизгалиште“.

Конечната пресуда за овој случај треба да биде донесена после велигденските празници.

Воопшто е неважно каков ќе биде епилогот. Важно е дека треба да се одважиме сите ние да работиме во општествен интерес и да не е предмет на прашање дали јас лично сум задоволен од работата на судот туку конечно институциите во оваа земја да профункционираат на она ниво на кое што е потребно, вели Блажески.

Блажески рече дека и понатаму ќе ја докажува правдата во името на граѓаните кои го избрале да ги застапува во градскиот совет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top