ЗАВРШИ ШЕЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Денеска заврши шеесет и четвртата седница по ред на Советот на општина Охрид на која беа усвоени Годишните извештаи за работата и материјално-финансиско работење на средните училишта во Охрид, детската градинка „Јасна Ристеска“, како и училиштето „Кузман Шапкарев“.

 |   | 

Советниците на денешната шеесет и четврта седница ги усвоија предлог одлуките за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално –финансиското работење на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2020/2021  година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално–финансиското работење на ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2020/2021 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално–финансиското работење на Државното средно училиште РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид за учебната 2020/2021 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално –финансиското работење на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2020/2021 година, за усвојување на Годишната програма за работа на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2021/2022  година, за усвојување на Годишната програма за работа на ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2021/2022 година, за усвојување на Годишната програма за работа на  СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2021/2022 година, за усвојување на Годишниот извештај за работа на јавната општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2020/2021 година, за усвојување на Годишната програма за работа на  ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2021/2022 година,  за усвојување на Годишната програма за работа на ОЈУ„Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2021/2022 година.

Дневниот ред на денешната седница беше надополнет со точките предлог програма за измени и дополнување на развојна програма за изработка на убанистички планови на територијата на општина Охрид за 2021-2023, предлог заклучок за усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на Охридското Езеро заради негово прогласување за заштитено подрачје и предлог одлука за предлагање прогласување на заштитено подрачје Охридско Езеро во категорија – „Споменик на природата“. Трите точки едногласно беа усвоени од страна на советниците.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top