Заврши Малиот Илинденски маратон

32то издание на Малиот Илинденски маратон го доби својот епилог. Победниците ги добија своите медали, признанија и пехари. Покрај македонските учесници, оваа година се натпреваруваа пливачи и од Канада, Италија, Холандија, Русија, Бугарија и Србија, со што маратонот добива и меѓународни димензии.

 |  Мишел Наумоски  | 
maraton
maraton

maratonМалиот Илинденски маратон ја доби својата завршница. Мирните води на Охридското езеро им помогнаа на пливачите во остварување на својата цел. Без особен напор, трката за учесници постари од 16 години заврши за околу половина час од својот старт, и доби старо-нови победници, додека нешто подоцна заврши и трката за пливачите од категоријата помлади од 16 години. По завршувањето и на втората трка сите учесници добија признанија за учество во Малиот Илинденски маратон, додека првите три места во двете конкуренции добија и медали за постигнатиот успех. За првите двајца пливачи постари од 16 години и во машка и во женска конкуренција, овој маратон е од подготвителен карактер.

„Задоволен сум многу од трката. Беше доста лесно, многу брзо помина. Не е многу голем маратонот, 2,5 километри, тоа е како половина тренинг за нас пливачите. Чувствував мал притисок бидејжи лани победив на трката и сакав да ја одбранам титулата ако може така да се каже.“-вели освојувачот на златото во конкуренцијата постари од 16 години, Марко Блажевски од ПК „Вардар“ од Скопје.

„Оваа година четврти пат по ред го освојувам малиот маратон. Не беше многу тешко, онака стандардно. Маратонот е прилично мал, конкуренцијата иста како лани.“-рече златната медалистка од конкуренцијата на пливачи постари од 16 години, Симона Маринова, од ПК „Младост“ од Скопје.

Никола Маленко, еден од членовите на организациониот одбор на маратонот вели дека ваков традиционален маратон мора да продолжи да се одржува, и дека тие ќе вложат напори макар и со минимални средства, Малиот Илинденски маратон редовно да се организира.

„Од ланската и оваа година, веќе со сигурност можам да нагласам дека овој мал т.н Илинденски маратон прераснува во една меѓународна манифестација. Не само што годинава и лани учествуваат 5-6 земји туку се надевам од наредната година ќе имаме и повеќе натпреварувачи од странство бидејќи кај нив постои сериозен интерес.“-додава Маленко.

maratonИмено, на овој маратон зедоа учество 52ца пливачи од кои 15 од постарата група, а 37 од помладата група. Од Македонија учествуваа 15 пливачки клубови од Скопје и Битола, а меѓународниот карактер на маратонот му го дадоа учесниците од Канада, Италија, Холандија, Русија, Србија и Бугарија.

Покрај признанијата за сите учесници, медали добија најдобрите тројца во двете конкуренции, додека првите места во машка и женска конкуренција од постарата категорија добија и парична награда во висина од 4000 денари. На најмладиот македонски и странски учесник, нашиот олимпиец Александар Маленко им подари Сваровски делфини што од наредната година веќе ќе прерасне во традиција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top