Претпладнево беа отстранети сообраќајните знаци кои ги информираа граѓаните и гостите за правецот на движење во летниот период. Отстранети беа и конусите на кружниот ток, од нив ќе останат само на ул. Јане Санданески.
Со почетокот на месец септември, заврши летниот режим на сообраќај. Ова сообраќајно решение кое го донесе советот на град Охрид, во функција беше од 1 јули, па се до вчера. Денеска беа извадени сообраќајните знаци кои на моторните возила им го укажуваа правецот на движење во текот на летниот период.
Покрај сообраќајните знаци, беа извадени и дел од конусите кои во голема мерка помогнаа, несовесните возачи да не се паркираат на оние места каде им ја намалуваат прегледноста на останатите учесници во сообраќајот.
Во телефонскиот разговор со раководителот на Одделението за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикалоски, ни беше кажано дека се отстрануваат конусите кои попречуваа паркирање на возила на кружниот ток на градскиот плоштад, додека конусите на ул. Јане Сандански, нема да бидат отстранети, затоа што нивното поставување во голема мерка помогнало во непречено движење на возилата.
Иако ова решение се покажа како доста добро, се прашуваме колку е финансиски оправдано. Физичките препреки на одредени локлации беа поставени само дваесеттина дена.
Шикалески задоволен од годинешното решение за летниот режим на сообраќај. Тој вели дека благодарение на ова решение клучните раскрсници, кај општината и домот на АРМ, годинава поминаа без инциденти.
Раководителот на Одделението за сообраќај во локалната самоуправа најавува дека во текот на овој месец ќе биде објавен јавен повик за изнаоѓање на изработувач на сообраќајна студија за град Охрид, која ќе биде во функција 12 месеци. Тој најавува дека веќе разговарале со раководителот на техничкиот факултет, оддел сообраќај, од каде им било наложено да се снима сообракајот по Охридските улици подолг временски период. Овие податоци како што вели Шикалески во голема мерка ќе помогнат при изработката на сообраќајната студија за Охрид, која според најавите треба да биде комплетно завршена во текот на зимскиот период.
На нашето прашање зошто семафорите кои се поставени на една од пофрекфентните раскрсници во Охрид, во близина на некогашниот ресторан Охридија не работат, Шикалески објаснува дека станува збор за дефект на електричен кабел, кој за да се поправи треба да се има одобрение од фондот за патишта, за прекоп на патот. Тој додава дека не се превземаат активности за ставање во употреба на семафорите, затоа што не се знае какво ке биде сообраќајното решение за овој дел на Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град