Заврши конкурсот за избор на директори во охридските болници

До 5-ти декември ќе се знаат имињата на носителите на челните функции.

 |  Валентина Неловска  | 
dr
dr

operacijaСпоред Mинистерството за здравство, овој избор се спроведува во сите здравствени установи во земјата, како резултат на престанување на постоење на економските директори, бидејќи  двојното менаџирање се покажа  како финансиски неоправдано. Здраваствениот совет, по предлог на министерот за здравство ќе ги разгледа и утврди најдобрите кандидати.

Како што дознаваме, за функцијата директор на Општа болница Охрид се пријавиле двајца кандидати. Покрај  актуелниот ВД директор Љубен Арнаудов се пријавил и неговиот колега гинекологот Д-р Боро Петрески.
На конкурсот за избор на директор во ЈЗУ Здравствен дом се пријавени: актуелниот ВД директор Д-р. Митко Дабески, поранешниот советник во општинскиот совет д- р Ранко Велјаноски- доктор по општа медицина и Грација Бакраческа- стоматолог. Д-р Велјаноски, според нашите сознанија е најсериозниот кандидат за оваа функција.
Во ЈЗО Заводот за кардиоваскуларни заболувања  “Свети Стефан”, единствен пријавен кандидат е актуелниот директор д- р Никола Бакрачески. Се наметнува прашањето дали со оглед на досегашната работа и развојот на оваа институција, неговите колеги немаа храброст да  се спротистават за оваа функција.

Во ЈЗУ Св. Еразмо се прјавени двајца кандидати. Досегашниот ВД директор Митко Тилев за конкурент го има колегата Хари Шокароски.
Во центарот за јавно здравство е пријавен д-р Атанско Михаилов, актуелен директор на оваа установа.
Основните критериуми наведени во конкурсот за избор на директор  се: поседување диплома за менаџерство, 5 години искуство во матичната организација,  како и изготвена програма со визија за развој на институцијата во која конкурираат.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top