Конструкцијата на бродот Илинден го издржа оптоварувањето со канистри полни со вода и со друг товар.
Со ова заврши финалното вештачење на бродот. Останува комплетирање на истрагата и предавање на предметот до јавното обвинителство.
Експерти од Македонија, Хрватска и од Франција, ја тестираа издржливоста на бродот Илинден. Со овој зафат, заврши финалното вештачење на бродот, за кој како клучна причина за потонувањето се наведуваше неговата преоптовареност. По завршувањето на вештачењето останува комплетирање на истрагата и предавање на педметот во јавното обвинителство.
Засега единствениот обвинет за потонувањето на „Илинден“ е капетанот на бродот Сотир Филески, кој по два месеци во притвор е пуштен да се брани од слобода. Резултатите од вештачењето, ќе треба да покажат дали обвинителен акт ќе биде покренат и против други лица.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град