Завод и Музеј не дале согласност за нацрт дуповите за Табана и Ривиера

Општина Охрид не смее да ги стави на дневен ред плановите за кои Управата за заштита на културното наследство нема издадено позитивно мислење.

 |  Валентина Неловска  | 
opfat Riviera
опфат Ривиера

opfat TabanaОд Завод и Музеј со реакција  не дале согласност за нацрт дуповите за Табана и Ривиера. Нацрт ДУП за дел од УЗ 1 дел од УБ 1.1 опфат Табана 2010 – 2015 и Нацрт ДУП за дел од УЗ 2 дел од УБ 2.1 опфат Ривиера – 2010 – 2015 кои треба да се најдат на дневен ред на наредната седница на Советот, закажана за идната недела, не го имаат добиено потребното стручно мислење од Управата за заштита на културното наследство, поради што истите не може да се разгледуваат, информираат  од  Завод и Музеј.

Оттаму објаснуваат дека за еден нацрт план да биде ставен на разгледување во советот, Управата треба да го разгледа планот и да издаде позитивно мислење, поточно треба да провери дали нацртот на ДУП е изготвен согласно изработените Заштитно конзерваторски основи.

opfat Riviera

 За овие  два плана  Управата за заштита на културно наследство има издадено негативно мислење заради тоа што плановите не беа изработени согласно Заштитно конзерваторските основи. Корегираните ДУП- ови се уште не се доставени до надлежната институција и за истите не е издадено позитивно мислење, информираат од Заводот и Музеј Охрид.

Од тие причини, а согласно Законот за заштита на културно наследство од 2005 година, Општина Охрид не смее да ги стави на дневен ред плановите за кои Управата за заштита на културното наследство нема издадено позитивно мислење, потенцираат од Заводот и Музеј.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top