Од охридската капетанија изјавија дека причина за затворање на плажите е тоа што не ги исполнувале безбедносните услови, односно капалиштата не биле соодветно обележани, како и тоа што на плажите немало ангажирани ниту спасители на вода на што претстаувува нивна законска обврска. Времена мерка, забрана за вршење дејност им е изречена на плажите „Извиднички центар„ , „Младост„, „Евронационал“, „Пајнчар“, „Бовел“, „Бетон“, „Силекс“ и „Корали“.
На прес конференција капетанот Љупчо Настоски информира дека на сите затворени плажи поставен е знак “Забрането капење“. Капетанот додаде дека други санкции за сопствениците на плажите нема да има и истите имаат рок до понеделник да ги обезбедат капалиштата. Доколку не го сторат тоа сопствениците ќе ги загуват и концесиите.
Од капетнаијата ијзавија дека со ваква ригорозна контрола ќе се продолжи и во периодот кој доажа, а особено внимание ќе се обрати на почитување на одредбата од договорите за издавање под краткорочен закуп на плажите, според која 60% од просторот на плажата треба да биде слободна, додека масите, лежалките и други реквизити може да бидат поставени на максимум 40% од целокупната површина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град