Застој на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево

Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има триесетминутно сопирање на сообраќајот во двата правци.

 |  Голабовски Крсте  | 
preseka
пресека

presekaПоради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има триесетминутно сопирање на сообраќајот во двата правци.

Застој на сообраќајот ќе има од 13.50 до 14 часот и 20 минути кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид – Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец  Кичево – Охрид.

Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село Врбјани е заради потребите на градежната фирма „Илинден“ која ги изведува работните зафати на изградба на автопатот  Кичево – Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top