Советуванје за заштита на растенијата

34 тото советување за заштита на растанијата во Република Македонија, се одржа денеска во Охрид.„ Во земјава сакаме да создадеме современо македоско земјоделство“, вели мистерот за земјоделство Љупчо Димовски.

 |  Татјана Маленкова  | 

Македонија во земјоделството ги применува законите донесени според европските директиви.  Фитосанитарната политика на земјава ја уредуваат три закони,изменети и дополнети во текот на оваа година, Законот за здравјето на растенијата, законот за производи за заштита на растенијата и законот за ѓубрива.
„Заштитата на растенијата е неминовна агроехничка мерка и претставува еден од најважните работни процеси кај сите земјоделски култури.  Директно од неа зависи квалитетот и квантитетот на еден земјоделски производ, но и економичноста и рентабилноста на земјоделското производство во целина“, вели министерот за земјоделие Љупчо Димовски.

„Во заштитата на растенијата треба да користиме алтернативи за да имаме биолошка ефикасност и да бидат поевтини и поздрави за конзумирање. ЕУ од 1991 до денеска  сеуште не ја има изготвено листата на препарати кои дефинитивно ќе бидат внесени како препарати кои треба да се употребуваат“, вели фитопатологот д-р Бранко Балтовски.
„Од Законите донесени според европските директиви започнавме со имплементирање на првиот анекс, а тоа подразбира дека се употребуваат препарати пуштени во промет на ЕУ“, вели м-р ментор Зекири, директор на фитосанитарна управа, при министревото за земјоделство, шумартсво и водостопанство.
Инаку денеска во Охрид се одржа 34 тото традиционално советување за заштита на растенијата, во организација на здружението за заштита на растенија во Р Македонија во соработка со министерството за земјоделство , шумарство и водостопанство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top