Заштита на Каналот Билјанини извори ќе бараат идните советници од ВМРО НП.
Проблемите од урбанистичката сфера и поврзаноста на централната и локалната власт во таа област се најчестите болни точки кои граѓаните ги посочуваат на средбите со кандидатот за градоначалник и носителите на советничката листа од ВМРО НП, вели Јоне Станкоски носител на советничката листа од оваа партија.
Кандидатите за градоначалник и за советничките места од ВМРО НП, ќе се залагаат да се промени генералниот урбанистички план во делот на спортско рекретивниот центар Билјанини извори, за кој сметаат дека се уште има време да се спаси.
Од оваа партија ќе се злагаат да се зачува овој простор, а имаат намера да внесат нови содржини многу поразлични од сегашните лоцирани на тој дел од крајбрежието. Тие ќе бараат дислоцирање на полицијата и АРМ, а на нивно место да бидат сместени федерациите на сите спортови на вода.
Со овие постапки ќе се каже стоп за уништувањето на овој простор и Билјанините извори кои се најголемиот добавувач на чиста вода во езерото вели Станкоски. Тој додава овие зафати ќе бидат чекор напред кон еколошкиот, елитниот, а секако и спортскиот туризам.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град