Засилени контроли во јавниот превоз во охридско и струшко

Покрај проверките за лиценца на вршителите на такси превоз  сообраќајната полиција деновиве засилено врши контроли и  за почитување на препораките за заштита од корона вирусот во патниот ссообраќај.

 |  Соња Рилковска  | 

Седум возачи од Струга во еден ден заработија парични казни за нелегално вршење  такси превоз на патници. Затекнатите лица немале лиценца, ниту  унифицирани ознаки и опрема на такси возилото, работеле на црно.
Сообраќајната полиција деновиве засилено врши контроли и  за почитување на препораките за заштита од корона вирусот во патниот ссообраќај. Носење заштина маска, но и преполовен  број на патници во јавниот превоз. Се контролира и организираниот превоз на фабриките и погоните во регионот.
 „Ние практично ги интензивираме конторлите  на сите мотрни возила во градот и приградксите населби со цел почитување одредбата за носење заштитна маска во моторно возило. Во таа насока сакам да  напоменам дека не само реппресивните туку и превентивните мерки се на сила. Активностите се вршат заедно со трудовиот инспектор при локалната самоуправа  целта е заедно да придоенсема граѓаните доследно и строго да се придржуваат кон почитување на мерките за заштита од Ковид 19“, вели . вели  Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. .
Легалните такси превозници велат силно ја чувствуваат економската криза, покрај нелојалната конкуренција од дивите таксисти, секојдневно се изложени на нови протоколи,  рестрикции и казни.
-За ова 50% ппатници никој не знае не е ни кажано треба да ссе објави дека смо двајца треба да се возат, но мислам нема да се почитува, вели еден таксист.
-Контроли има ама не е страшно , вели друг таксист.
Такси превозниците велат голем дел од патниците воопшто не ги почитуваат здравствените протоколи, не носат заштитни маски во возилата, стенд ап.
Стотици казни за непочитување на здравствените протоколи во возила изрекла полицијата  од почетокот на панедмијата до денес. И во следните денови засилено ќе се контролира јавниот превоз.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top