Засилени инспекциски контроли во охридско-струшкиот регион

Засилени инспекциски контроли во охридско струшкиот-регион. Државниот пазарен инспекторат, УЈП и полицијата ги чешлаат кафулињата и рестораните. Најчестите прекршоци кои се констатирани се непочитување на Законот за заштита од пушење, присуство на малолетници и немање вакцинални сертификати.

 |   | 

Засилени координирани инспекциски контроли во угостителските објекти. Државниот пазарен инспекторат, УЈП и полицијата ги чешлаат кафулињата и рестораните. Најчестите прекршоци кои се констатирани се непочитување на Законот за заштита од пушење, присуство на малолетници и немање вакцинални сертификати.

Изминатиот викенд инспекциски контроли беа спроведени во охридско-струшкиот регион. Ноќта на 18-ти од 22 до 02 часот во Охрид надзор е извршен во 13 објекти, додека во Струга во истиот период инспекторите извршиле контрола во 9 објекти.

Полициските службеници од СВР Охрид и припадниците на Државниот пазарен инспекторат во изминатиот период извршија интензивни контроли по угостителските објекти. Целта е да се контролира нивното работење согласно законските одредби, но и да се применат други мерки кои што треба да значат контрола пред се дали во угостителскиот објект има регистрирано нарушен јавен ред и мир, дали се присутни малолетни лица после 24 часот, но и други мерки кои што се во согласност со законското работење на полициските службеници.

Претходните викенди во акциски контроли на полицијата и инспекциските служби на територијата на Охрид, извршени се осум акциски контроли, а беа казнети шест угостители.

Во пет угостителски објекти затекнати се малолетни лица кои што после 24 часот престојуваат во објектот и консумираат алкохол. Против правниот субјект и против одговорното лице поднесени се соодветни пријави. Во еден угостителски објект евидентран е нарушен јавен ред, при што против сторителот поднесена е соодветна пријава. Во оваа насока со цел задржување на стабилната и поволната безбедносна состојба полициските службеници самостојно, но и во координација на ДПИ и другите надлежни служби ќе вршат соодветни контроли.

Во период од 07.02.2022-13.02.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 653 надзори и 831 контроли на целата територија на Македонија. Во овој временски период издадени се вкупно 125 решенија и 23 прекршочни пријави, а затворени се седум објекти.

Инспекциските служби најавуваат засилени конторли и во следниот период.

 

Новинар : Соња Рилковска

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top