Заштити-спречи-вакцинирај

Охриѓани знаат кои се придобивките од имунизација на нивните деца.

 |  Крсте Голабовски  | 
vakcina
вакцина

vakciniranjeОхриѓани  навреме ги вакцинираат своите деца од детските заразни болести, но сеуште постои отпор кон ХПВ имунизацијата. Причини за тоа, недоволна и неправилна информираност, велат експертите.
Заштити-спречи-вакцинирај. Тоа е слоганот на овогодинешната европска недела на имунизација. Право на секое дете е да биде редовно вакцинирано, а обврска на секој родител е навремено да го носи своето дете на имунизација. Охриѓани го сфаќаат нејзиното значење.

„Можеме да се пофалиме со 98% опфатеност во Охридско-струшкиот регион, а со неа се искоренети многу заболувања кои во минатото однеле доста животи, потенцира Д-р Јованка Коровешоска од Центарот за јавно здравство од Охрид. Соодветно се покриени и руралните средини“, додава Д-р Коровешоска.

Имунизацијата  претставува една од најефикасните и најисплатливите здравствени интервенции.Кај нас е регулирана со закон. Се врши под строга лекраска контрола со обавезен преглед пред вакцинирањето. Финансирана е од средства од буџетот на РМ и е бесплатна за сите деца без разлика на тоа дали имаат здравствено осигурување. Педијатарот Д-р Катарина Димитрова информира дека во 28 годишна пракса не и се случило родител да одбие да имунизира дете. Но, сеуште се јавува отпор кон ХПВ имунизацијата. Твм со свои сознанија зошто состојбата е таква. Кај некои родители тоа е поради многубројните информации и шпекулации пласирани во јавноста кои ги ставија во дилема каков ќе биде ефектот од вакцинирањето. Дел од оние пак кои решиле да ги вакцинираат своите девојчиња не добиваат соодветни информации за тоа каков е квалитетот на вакцината и од кој произвоидител е истата, па ја губат довербата во надлежните кои се задолжени за спроведување на ваквата имунизација.

Што се однесува до преостанатите два проценти, Д-р. Димитрова објаснува дека одговорот лежи во миграцијата. Имено, станува збор за деца кои не ја пријавиле промената на местото на живеење, па поради тоа сеуште се водат во евиденцијата. Инаку во одделот строго се евидентира навремено извршената имунизација. Неделата на имунизација во нашиов град ќе биде одбележана со низа активности, во организација на Центарот за јавно здравје и Црвениот крст од Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top