Започнаа комбинаториките околу идниот градоначалник на Охрид

Oд редовите на Вмро Дпмне како најсериозен кандидат се споменува името на актуелниот државен секретар на Министерството за животна средина.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Oд редовите на Вмро Дпмне како најсериозен кандидат се споменува името на актуелниот државен секретар на Министерството за животна средина.

Дејан Паноски, најсериозен кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на Вмро Дпмне. Актуелниот државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање и активен член на владеачката партијата, оваа информација ниту ја потврдува ниту ја негира. Тој вели дека се зависи од волјата на граѓаните и партијата.

Инаку Дејан Паноски, охридската јавност го знае од времето на спроведувањето на Проектот за заштита на Охридското езеро. По овој проект Паноски својата кариера ја продолжи како државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оваа функција, вели тој „ми помогна да придонесам за спроведување на повеќе проекти поврзани со езерото и неговата заштита“.

За време на последниве парламентарни избори  Паноски беше шеф на Изборниот штаб на општинскиот комитет на Вмро Дпмне, па  некои од неговите сопартијци велат дека во голема мера успехот што Вмро го постигна во Охрид му се должи токму нему. Во разговорот што го реализиравме Паноски вели дека, не е многу оптоварен со наредните локални избори.

Тој додава дека на крајот од краиштата граѓаните ќе си го изберат својот претставник, „а јас и да не сум градоначалник и понатаму ќе работам за доброто на Охрид“, потенцира Паноски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top