Започна судењето на осомниченот за тројно убиство

Радески отфрли две од обвиненијата- го призна само убиството на Трајче Цоцески. За претходно дадените изјави во кои ги признал и останатите две убиства рече дека ги дал под присила.

 |  Тања Кувенџиска  | 

Радески отфрли две од обвиненијата- го призна само убиството на Трајче Цоцески. За претходно дадените изјави во кои ги признал и останатите две убиства рече дека ги дал под присила.

Во охридскиот Основен суд започна судскиот процес против Лазе Радески, осомничен дека ги извршил убиствата на тројцата дилери на девизи: Трајче Цоцески, Спиро Ставрески и Раим Рахип.  

За разлика од двете изјави дадени во текот на истражната постапка во кои ги признал убиствата, Радески денес даде поинаков исказ. Го призна убиството само на Трајче Цоцески. За останатите две убиства се изјасна како невин. Грешка може човек да направи еднаш и да убие, но не три пати- се обрати Радески на судскиот совет.

„Кога ме притворија, три дена во СВР-Охрид ме тепаа, а еден инспектор ми се закануваше по мојот и животот на моето семејство доколку не ги признам лишувањата  од живот и на другите две жртви. За возврат ми ветуваа дека ќе добијам најдобри адвокати да ме бранат,а  казната нема да биде строга“, изјави осомничениот.

Зборувајќи за убиството кое го призна на Трајче Цоцески, извршено на 12 април годинава, изјави дека го направил во самоодбрана. Според Радески, недела дена пред убиството го замолил Цоцески да му размени 800 евра во против вредност од 1. 000 долари. Цоцески неколку дена минувал пред дуќанот во кој работел и не му ги давал парите. На денот кога се случило убиството, околу 17 часот, Цоцески влегол во дуќанот. Кога осомничениот го прашал за парите, Цоцески почнал насилно да се однесува. При тоа, со едната рака почнал да го дави Радески, а со другата го удрил со телефон. Во физичката пресметка, Цоцески употребил и кујнски нож, метална шипка и спреј за самоодбрана. Тогаш Радески со чекан му задал на Цоцески два удари во главата.Во паника, го завиткал телото во најлон и го ставил под задното седиште на својот автомобил. По два дена го оставил во близина на реката Сатеска.     

За убиениот Ракип осомничениот изјави дека го познавал површно и дека не му должел пари.
Додека пак, на Спиро Ставрески кога исчезнал му должел 3. 000 денари и по извесно време и ги вратил на неговата сопруга.

За трагите од крв во неговото возило, Радески изјави дека биле од дива коза, чие месо го носел од лов. Судскиот процес продолжува утре со распит на оштетените кои се јавуваат во својство на сведоци.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top