Започна шестнаесеттиот Курајчки карневал под маски

Забава со диџеи го означи почетокот на  шеснаесеттиот Курајчки карневал под маски.

 |  Мишел Наумоски  | 
kurajcki karneval
kurajcki karneval

Започна Курајчкиот карневал под маски. Забава со диџеи уште синоќа го означи почетокот на тридневната програма по повод Стара Нова година или Василица, додека официјалниот дел од карневалот започнува денес. Претседателот на месната заедница од Куратица, Горан Ангелоски, вели дека „Со или без маска, традицијата треба да продолжи.“

„Традиционалниот дел на маскенбалот, карневалот, започнува вечерва во 18 часот со збирање на групата околу василичарскиот оган. Таа брои секогаш околу 200 до 300 луѓе кои во 19 часот стартуваат од курајчкото сретсело и буквално ја посетуваат секоја куќа во селото, каде што ќе бидат почестени со ракија и вино, мезе. Ќе има пропратно и василичарска музика. Поворката како и секогаш ја водат зетот, невестата, валегачот, бајачот и останатите.“-рече претседателот на МЗ „Куратица“, Горан Ангелоски.

Програмата продолжува и наредниот ден, со подготовка на традиционалното јадење „варејнца“, а завршува со музичката програма за која ќе се погрижат групата Маестрал и фолк изведувачот Спасен Силјаноски.

Манифестацијата ќе ја води познатиот водител, Жанко З`Ш Голабоски. На карневалот покрај домашните маски, ќе продефилираат и маски од други градови. Ангелоски вели дека и оваа година, традиционално очекуваат нешто повеќе од 3000 посетители. Инаку оваа година како главен покровител на Курајчкиот карневал, се јавува општина Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top