Започна санација на дел од кровот на Центарот за култура

Од понеделникот започнаа  градежните работи за санација на дел од кровот на Центарот за култура, Григор Прличев.

 |  Валентина Нелоска  | 
Centar za kultura Ohrid
Центар за култура Охрид

Од понеделникот започнаа  градежните работи за санација на дел од кровот на Центарот за култура, Григор Прличев.

За да се спречи  прокиснување на кровот и негова поправка, Министертсвото за култура  издвои 1 милион и четиристотини илјади  денари. Се очекува ако потрае убавото време, работите да завршат за 15 -тина дена.

Centar za kultura OhridМинистерството за култура делумно ќе го финансира и загревањето на кино салата, а дел средства за затоплување ќе обезбедува и   центарот. Директорката на Центарот за култура  Драгана Боцевска вели, ладна кино сала нема да има  и гарантира дека ќе има греење за нивните активности. Додека за останатите настани  во центарот ќе зависи од договорите со организаторите додава Боцевска.  

Годинава, Министерството  за култура интервенираше со финансии  за внатрешна реконструкија на салата која со децении беше оставена без посериозни зафати. И за 2009 година,од Центарот  се поднесени барања за проекти за кои директорката Боцевска се надева дека ќе бидат прифатени и ќе се реализраат.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top