Започна реконструкцијата на патот Елшани-Елешец вредна 7.610.000 денари

Овој локален пат последно бил реконструиран во седумдесетите години од минатиот век, а вкупната должина на делницата изнесува околу 2 и пол километри.

 |  Мишел Наумоски  | 
asfaltiranje Elshani
асфалтирање Елшани

Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри.

asfalt ElshaniГрадоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески потсети дека овој локален пат не бил реконструиран четириесетина години.

„Последна реконструкција на овој пат е некаде во седумдесетите години од минатиот век, така да сметам дека со овој проект и тоа како ќе се подобрат условите за живеење и на мештаните, меѓутоа и на оние гости и туристи кои ги посетуваат овие туристички места. Реков дека е еден дел од групата на проекти кои што се финансирани со средства од кредит добиен од Светска банка, и во наредниот период од 2 до 3 месеци, претпоставувам дека сите тие ќе бидат завршени и Охрид подготвен ќе ја дочека летната сезона.“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Elshani-Eleshec patСпоред претседателот на месната заедница Елшани, Игор Шопоски, овој пат кој бил во лоша состојба пред реконструкцијата ќе биде од големо значење не само за 700тините локални жители, туку и за бројните туристи кои не само што престојуваат, туку се почесто Елшани го бираат и како место каде си градат сопствени куќи.

„Со асфалтирањето и проширувањето на патот, се надеваме на подобар опстанок на селото и привлекување на повеќе туристи. Во Елшани живеат околу 700 жители постојани, има и такви што живеат од туризам, ама годиниве како што идат се позастапени се странските туристи.“-рече Шопоски.

Градоначалникот Бакрачески смета дека реконструкцијата на патот најверојатно ќе биде завршена за 30 дена. Истата се прави со средства добиени преку кредитот од Светска банка, а во износ од 7.610.000 денари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top