Отпочна судскиот процес против Шапкар

„Немам потреба на некого да му подарам милост, заради присуството на мојот малолетен син, кој ја виде целата трагедија“. Ова се зборовите на Златко Муцински, сопруг на Ирина Романова Муцинска, која загина во глисерската несреќа минатата година.

 |  Билјана Николовска  | 
TVM
TVM

Во Основниот суд во Охрид денес започна судскиот процес против осомничениот Христијан Шапкар (31), кој се терети за предизвикување на глисерска несреќа. Имено, минатото лето на 22 август во несреќата животот го загуби Ирина Романова Муцинска (39), мајка на две деца, вработена во Т- мобаил. Според првичните детали од истрагата, кои беа соопштени веднаш по несреќата, Шапкар управувал со глисер од марката „сидо“, а со него биле неговата сопруга Ивана и две други лица, нивни пријатели. Муцинска управувала со глисер марка „регал“. Поради брзина поголема од дозволената, глисерот на Шапкар поминал над глисерот на сега покојната и го преполовил. Од силината на ударот, Муцинска починала на самото место на несреќата. Како осомничен, Шапкар заработи кривична пријава за тешки дела против безбедноста и имотот на луѓето во сообраќајот и од страна на истражен судија му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена. После одлежувањето на притворот во болницата Св.Еразмо, Шапкар беше пуштен да се брани од слобода.

На денешниот претрес кој го водеше судијата Милчо Клишески, за прв пат се случи новинарските екипи ригорозно да бидат опоменати за правата на кој треба да се придржуваат за време на претресот. Исто така, од негова страна, по претходна консулатација со двете страни на процесот, беше оневозможено снимање и на акредитираните екипи, кои имаа дозвола од Врховен суд. Обвинетиот Шапкар, кој го застапува бранителот Емил Балабан, одлучи да се брани со молчење, со тоа што во текот на судскиот процес ќе укажел на работи кои не му биле јасни. Од страна на бранителот Балабан, исцрпно беше испитан сведокот Златко Муцински, сопруг на загинатата. Тој рече дека во целост ќе се придржува на исказот даден пред надлежните. Муцински како сведок изјави „нема потреба на некому да му подарам милост“. Тука пред се тој се осврна на податокот што 10 месеци со обвинетиот немал никаков контакт ниту пак некаков  обид било со  телеграма, или на друг начин да се обратат и да прашаат како е неговиот син кој бил сведок на  целиот настан. Тој дополнително побара нематеријална штета за него и неговите деца кој износ дополнително ќе го прецизирал. Продолжение на претресот е закажано за 07.09. во 12 и 30 часот каде ќе бидат сослушани уште 8 сведоци. Заради објективно  прикажување на реалната состојба во јавноста, веруваме дека судијата Клишески на наредното рочиште ќе дозволи минимум услови за новинарските екипи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top