Започна новата академска година

Со интонирањето на македонската химна денес во просторите на УИНТ „Св. Апостол Павле“ и ФТУ Охрид се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
akademski
академски

 

Со интонирањето на македонската химна денес во просторите на УИНТ „Св. Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година. Можностите кои овие факултети им ги нудат на идните студенти, ги прават, очигледен избор.

Нинослав Mарина„Денес ова се бара информатиката, универзитетот е на англиски јазик и има многу отворени работни места за оваа струка. Ќе видиме универзитертот е на англиски јазик, нуди многу можности, ако успеам ќе останам тука, ако не здравје“, велат идните студенти на УИНТ.
„Избрав да студирам на факултетот за туризам бидејќи што е еден од најпросперитетните факултети во регионов мислам дека ќе имам успех“, вели еден од идните студенти на ФТУ.

Ректорот на УИНТ, проф. д-р Нинослав Марина,  им посака успешен старт на идните студенти на оваа високобразовна установа. Тој истакна дека УИНТ секоја година нуди нови содржини на полето на наставно-научниот процес, а оваа година во двата уписни рока се бележи пораст на бројот на запишани студенти за 30%, а претстои уште еден уписен рок.

„Како и секогаш имаме многу странски студенти, оваа година посебно од сите делови на светот, а тоа не прави особено горди затоа што му даваме една интернационална димензија на градот. Зголемениот број на студенти повлекува потреба од нови професори и асистенти кои ќе помагаат во наставнонаучниот процес. И оваа година имаме ангажирано нови професори, но и оваа година ова ете нека биде како апел  бараме квалитетни кадри и нон стоп вработуваме и на професорско и на асистенско ниво“ објансува Марина.

На оваа релативно нова високообразовна установа во нашиов град оваа година имаше 440 слободни места за упис, од кои 220 за редовни студенти, 110 редовни со кофинансирање и 110 места за вонредни студенти. Службите на универзитетот информираат дека досега најголем интерес имало за Факултетот за компјутерски науки и инженерство, Факултетот за информациони системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника, како и Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност.

Коруноски и АндреескиНа ФТУ пак, годинава, вкупно можеа да се запишат 285 студенти, од кои 150 редовни, 85 со кофинансирање и 50 вонредни. Најголем интерес студентите покажале за насоките Туризам и Царина и шпедиција, како и за насоката Гастрономија, исхрана и диететика. Деканот на ФТУ Проф.Др. Сашо Коруноски им порача на идните студенти да не се плашат од предизвикот кој е пред нив бидејќи преку работа ќе ги остваруваат сите оние желби и настојувања кои претходно можеби за нив биле неостварливи. Коруноски ги објасни причините за нагорниот тренд на интерес за упис на нивната високообразовна установа.

„Интересот за нашиот факултет не стивнува напротив веќе за некои студиски програми имаме и одбивање на студентите или пренасочување на некои други студиски програми. Тоа се должи на напорната работа на менаџментот, но и на сите професори на факултетот и одржувањето на високо ниво како и наставата така и на истражувачките активности на факултетот“ вели Коруноски.

Инаку, на петте јавни универзитети, во Скопје, Битола, Тетово, Штип и Охрид, оваа година беа слободни 24.121 места за нови студенти.
За упис во прва година на државните универзитети имаше два рока – во август и во септември. Факултетите на УКИМ на кои се уште има места ќе запишуваат студенти и утре.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top