Конечно, разрешена неизвесноста со традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја разјасни дилемата ќе има или не пари за годинешниот мрест. Склучен е меѓусебен договор на сума од 4 милиони денари, или еден милион денари помалку, средства од првичната сума која ја побарале од Хидробиолошкиот Институт за оваа намена. Во близина на двата локалитети Пештани и Трпејца денес беа фрлени првите мрежи со кои започна ловот на пастрмаката за собирање на икра. На првиот ден од започнувањето на мрестот се собрани 60.000 икра. Споредено со лани нема големи отстапувања и мрестот се одвива според планираното истакнуваат од Хидробиолошкиот Институт.
Научните работници објаснуваат дека има доцнење на природниот мрест на пастрмката заради временските услови. Полната месечина и топлата езерска вода ги одвраќаат пастрмките од приближување кон езерскиот брег. Подобар улов очекуваат веќе од вторник со заладувањето на временските услови. Од Хидробиолошки не се задоволни од бројноста на пастрмката во езерските води. Потенцираат дека нејзината популација сеуште не е на ниво за да се дозволи лов за други цели.
Минатата година од Хидробиолошкиот Институт беа задоволни со уловот на пастрмката наменета за собирање на икра со која се одвиваше вештачкиот мрест и со собраните 2 милиони икра.
Вообичаено, мрестот на охридската пастрмка стартува на 21 –ви јануари и трае до 30 март.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град