Започна големиот потфат за пренуркување на Охридското Езеро

Денес педесетина нуркачи тргнаа од охридското пристаниште на мисија која ќе трае од три до четири месеци, а на која ќе бидат вршени и подводни фотографирања, снимање и позиционирање на одредени места кои се од интерес на пошироката научна јавност.

 |  Мишел Наумоски  | 
nurkaci
нуркачи

Педесетина нуркачи денес од градското пристаниште ја започнаа неколку месечната мисија за пренуркување на Охридското Езеро, подводно фотографирање, снимање и позицинирање на места од интерес на научната јавност. Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“, од клубот за подводни дејности од Охрид, нуркач од Струга, нуркачи од специјалните едниници на АРМ и МВР како и претставници од Албанија во наредните три до четири месеци со секојдневни нуркања ќе треба да поминат 80 километри и 322 метри. На македонска страна, нуркачите посебно ќе истражуваат локација во Струга каде што сметаат дека има потонати објекти.

prenurkuvanje ezero„Денес планираме да одиме во праве на длабочина од десет метри и да ја позиционираме точката од која ќе треба да се тргне кон струшкиот дел. На враќање, се враќаме на таа точка и излегуваме на пристаниште, така би завршило. Вака лесно изгледа, но тоа некаде би траело од три и пол до четири месеци. Денес некаде околу саат време ќе биде, затоа што ова е чисто едно дружење, а вистинската работа започнува од утре.“-вели Милутин Секулоски, меѓународен нуркачки инструктор.

Нуркачите кои мора да се во топ кондиција за да го издржат тешкиот зафат, на оваа долга мисија ќе бидат следени и од медицински лица кои ќе се грижат за нивната здравствена состојба. Покрај нуркањето, тоа ќе биде работа на д-р Горан Балев, кој доколку е потребно ќе ги третира нуркачите во хипербаричката комора.

nurkaci potfat„Таа е под приправност, во топ форма е наместена. Сите потреби се наместени за хипербаричката комора. Јас колку што ми дозволува времето ќе одам да нуркам. Ќе сум приправен овие три, четири месеци, ќе сум врзан за Охрид. Нема да одам подалеку. Мислам дека ќе биде во ред. Тој е во добра кондицијам, нурка нон-стоп, така да не очекуваме некои проблеми, но мојата работа ќе си ја одработам професионално.“-рече д-р Горан Балев, нуркач.

Овој голем потфат освен од генералните спонзори, АД „Пелистерка“ помош добива и од локалната самоуправа од Охрид. Заменик градоначалникот, Ангел Јанев, вели дека потфатот е многу поголем отколку што на прв поглед може да се види.

nurkaci misija„Ако гледаме малку подалеку, туристичката понуда со ова се зголемува преку нуркањето од една страна, ако гледаме уште подалеку, за четири месеци ќе имаме некои фантастични материјали кои што ќе бидат изнесени на површината, на земјата, а ако гледаме уште подалеку, можеби за една година од сега ќе имаме едни фантастични материјали во вид на веб, телевизиски, документарни серии. Јас мислам дека ова нема цена што го прават нуркачите, и за Охрид и за Македонија, така да она што општина Охрид ќе помага е многу малку во однос на она што добиваме ние за возрврат.“-изјави Јанев.

Инаку 80те километри езерска површина, нуркачите ќе ги поминат на длабочина од 5 до 15 метри, а ќе биде опфатен и албанскиот дел од езерото. На крајот, овој голем проект, ќе финишира со една документарна емисија и изложба на подводни фотографии. Нуркачите поддршка за реализација на проектот добиваат и од Црвениот крст од Охрид и извидничкиот одред „Пионер“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top