Со свечено дефиле низ охридската чаршија учесниците на Балканскиот фестивал го означија почетокот на годинешното 48 –мо издание.
Со свечено дефиле низ охридската чаршија учесниците на Балканскиот фестивал го означија почетокот на годинешното 48 –мо издание.
Манифестацијата за отворена ја прогласи претседателот на Македонското Собрание, Трајко Вељаноски. Тој истакна дека големиот број ученици на фестивалот ја потврдуваат универзалната категорија на музиката која не познава граници, дневна политика, јазични и културни бариери. Македонскиот народ е познат по тоа што преку народните песни и игри ги изразувал своите чувства , кога бил среќен или тажен, кога заминувал на печалба или кога се борел за слобода при тоа кажа Вељаноски.
На Долни Сарај, ансамблот за народни игри и песни „Танец“ одржа целовечерен концерт. Македонските професионални играорци ги растреперија чувствата на присутните. Со сплетот игри од битолскиот и охридскиот крај , како и со голем број народни песни ги воодушевија посетителите.
Вечерва на Сцената на Долни Сарај во 21 часот настапуваат Бугарскиот ансамбл Тракија од Пловдив и Културно уметничкото друштво Дримкол од Вевчани. Влезот за постителите е слободен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град