Весели песни, убава музика, многу забава- беше дел од денешната атмосфера.
Разиграни и распеани- најмладите охриѓанчиња денес се забавуваа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ . Со задоволство ги проследија настапите на над 20- ната изведувачи, придружувани од 4 балетски групи и детски хор. Се одржа првата, од вкупно предвидените, пет претстави од десеттото по ред издание на Детскиот музички фестивал „ Распеано рибарче“.
За настапот на годинешното Распеано рибарче, учесниците се подготвуваа од месец ноември. За нивниот сценски настап беа задолжени учителките: Мери Димзоска и Бети Славеска.
Организаторите задоволни од покажаниот интерес за учество на фестивалот. Од вкупно пријавени 60 деца, поради ограниченото времетраење на фестивалот, биле избрани само 21 изведувач. И покрај финансиските проблеми со кои се соочувавме изминатите години, сепак задоволство е да се организира една ваква манифестација, потенцира организаторот- Колчо Петкуќески.
Останатите 4 претстави ќе се одржат во текот на наредните два дена. Годинава се очекува фестивалот да го проследат, рекордни, над 2. 500 посетители.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град