Започнуваат Петровденските пости

Денеска започнуваат Петровденските пости кои ќе траат до големиот христијански празник Петровден, кој се одбележува на 12-ти јули.

 |   | 

Денеска започнуваат Петровденските пости кои ќе траат до големиот христијански празник Петровден, кој се одбележува на 12-ти јули.

Овој пост е востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење.

Петровденскиот е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха. Петровденскиот пост најмногу може да трае шест недели, а најмалку една недела.

За време на овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top