• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”

Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”

Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”.  Со тоа Спортскиот центар, а и градот ќе добијат еден репрезентативен спортски терен на кој ќе можат да се одвиваат натпревари од повисок ранг.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”. Тие ќе траат петнаесеттина дена после што следува самата изградба на трибината. Таа ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1450 седишта, ќе има Вип ложа и камермански дел од каде ќе можат да се следат и снимаат фудбалските натпревари. Реализацијата на проектот е во соработка помеѓу Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија, а изведувач е Енергоинвест ДООЕЛ од Скопје.

Ќе добиеме една модерна трибина со модерни соблекувални и со тоа ќе можиме да бидиме домаќини на поголеми меѓународни натпревари како на фудбалската репрезентација на Македонија така и на други екипи кои сакаат да дојдат во Охрид на натпревар или на подготовки, вели Гордана Јованоска- директор на ЈП „Билјанини извори“.

Трибината согласно договорот и согласно проектот усвоен од ФФМ ќе се гради од спротивната страна на сегашната монтажна трибина на место каде досега се наоѓаа отворените асфалтни кошаркарски терени. Градежните работи треба да завршат за шест месеци. Со тоа Спортскиот центар, а и градот ќе добијат еден репрезентативен спортски терен .

Во последно време Охрид е многу атрактивен не само за спортските екипи туку и за самите тим билдинзи. Како што гледаме последниве години фирми од странство имаат преставништва во Македонија и сакаат да дојдат во Охрид и да ги искористат нашите спортски терени, да се забавуваат во Охрид и да го искористат она што го имаме, вели Јованоска.
ЈП „Билјанини Извори“ во периодот што следува со средства од општината планира да направи уште едно помошно фудбалско игралиште, а и две игралишта за кошарка и тенис. Со тоа СРЦ ќе добие еден современ и функционален лик и ќе го врати сјајот од времето кога функционираше со полн капацитет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top