Започнаа градежни зафати на надвозникот кај Подмоље

Започнаа градежните зафати на оштетената клучка Подмоље на патниот правец  Охрид Струга. Уривањето почна утрово и треба да заврши за три дена. Планирана е изградба на нов повисок и поширок надвозник кој треба да биде  изграден  за два месеци.

 |   | 

Почна да се урива оштетената клучка Подмоље на патниот правец Охрид – Струга. Станува збор за местото каде што завршува Магистралниот пат А2 и започнува магистралниот патен правец А3.   Градежните  зафати  почнаа да се изведуваат утрово и треба да завршат за три дена. ГК Викторија инвест ќе работи на градежните работи кои се  во склоп на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. На овој патен правец во моментов  не се одвива сообраќај. Движењето на возилата е пренасочено и не се користи делницата која е заобиколница  за излез од градот кон  патниот правец за Битола.  Сообраќајот ќе се пренасочува на оваа делница и се предупредуваат возчаите на моторни возлила да бидат внимателни. Сообраќајната сигнализација ќе биде  соодветно  поставена и во текот на денот и во ноќните часови, инфромира Стефан Димоски,  портпарол на СВР Охрид.

 „Тука ќе мора да се користи  кружниот тек во близина на куќата  за патарина која се наоѓа на делницата кон Струга. Со исклучителна внимателност да се движат  учесниците во сообраќајот. Има поставено добра хоризонтална и вертикална сигнализација за да нема застој во сообраќајот или погрешно движење“, информира Димоски.    

Клучката  треба да биде завршена и пуштена во  употреба за 60 дена . Како што донзаваме , според проектната документација треба да се изгради нов надвозник повисок за  еден метар  и со широчина од 10 метри. Клучката Подмоље во повеќе наврати претрпела тешки оштетувања од  тешка механизација која пренесувала товарни машини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top