Започна вакцинирањето против сезонски грип

Охриѓани масовно се вакцинираат против сезонски грип. Од вчера во Центарот за јавно здравје се врши вакцинирањето. Од таму велат дека вакцини има доволно и дека граѓаните можат да се вакцинираат од октомври до месец март.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Започна вакцинирањето против сезонски грип. Редица од граѓани чекаа пред амбулантата на епидемиологија да се вакцинираат. Најголемиот дел од нив беа повозрасни лица кои кажуваа дека редовно се вакцинираат секоја сезона. Имаше и такви кои за прв пат годинава ќе примат вакцина против сезонски грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека вакцините кои се примаат штитат од 3 типа на вируси на грип. Според СЗО овие видови ќе  бидат најзастапени во оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител.

Најчесто, се вакцинираат повозрасните лица, но и помладите со хронични заболувања, а исто така и вработените кои се во директен контакт со повеќе луѓе, како што се шалтерски работници, здравствени работници и просветни работници, посочува Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

Периодот кога се јавува најголемиот број на заболени е есен и пролет, и заради тоа се препорачува вакцинирањето да е од октомври до март. Сите кои нема да се вакцинираат во есен може тоа да го направат и на пролет. Според  статистиката на ЦЗЈЗ пикот на заболувањето во последните 10 години е во месец  јануари со почетокот на второто полугодие од учебната година. Годинава охридскиот Центар за јавно здравје набавил 3000 вакцини. Од оваа количина 1680 се наменти за охриѓани, 720 за Струга и 600 за Дебар.

Имаме доволна количина на вакцини, интересот е голем, секој ден се вакцинира од 8 до 14 часот, освен сабота и недела, вели Д-р Коровешоска.

Иако, досега вакционирањето почнувало порано не е доцна и сега да се прими вакцина, вели Д-р Коровешоска. Граѓаните можат да се вакцинираат од октомври до месец март.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top