Започна трката за индекси на ФТУ Охрид

Денес почна првиот упис на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Слободни места има 430. Од факултетот велат дека целосно биле подготвени да ги примат сите заинтересирани кандидати. Исто така годинава после петгодишна пауза повторно се враќа студиската програма Безбедност и финансиска контрола.

 |  Николоска Биљана  | 

На факултетот за туризам и угостителство започна трката за индекс на новите студенти. Кандидатите од денес па во наредниве два дена ќе се пријавуваат во првиот уписен рок, на седум студиски програми. Деканот на факултетот Цветко Андреески информира дека годинешнава квота изнесува 430 студенти од кои 215 ќе бидат во државната, додека пак останатите се во квотата на самофинансирање.

Од квотата сме задоволни бидејќи е повисока во споредба со минатите години, очекуваме број на студенити како и минатите години, односно околу 300 нови студенти да се запишат во трите уписни рока, кои ќе ги имаме оваа година

Новите студенти на ФТУ беа добро информирани за сите студиски програми и веќе ги пополнуваа документите за првиот уписен рок.

„Факултетот е многу добар и нуди убави услови, се одлучив за безбедност, го има поретко и затоа“
„Ја одбрав насоката безбедност и финансиска контрола, тоа беше мојата желба и затоа се запишав тука.

И оваа академска 2017- 2018 година од факултетот најавуваат дека во делот на реализација на клиничката настава ќе има стручни лица од областа на стопанството, но и нови можности за студентите

Нашата идеја која што сеуште е во тек на реализација е да склучиме договори со одреден број на школи за гастрономија од Франција каде што дел од нашите студенти ќе имаат можност да одат таму на мобилност и на пракса

Освен студиските програми туризам, хотелско ресторански менаџмент и гастрономија, од областа на туризмот, сеуште ја има студиската програма царина и шпедиција, осигурување, менаџмент во услужен сектор , а после пет години пауза, во рамки на факултетот повторно се појавува и програмата Безбедност и финансиска контрола, за која има голем интерес открива Андреески. Тој вели дека и останатите програми се барани од страна на идните студенти. Инаку ФТУ ќе спроведе уште два уписни рока. Вториот уписен рок ќе се одржи на 1 и 4 септември, а третиот на 14 септември 2017 година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top