Започна изградбата на тениските игралишта во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува охридската јавност дека започнаа градежните активности околу реализацијата на проектот, изградба на тениски игралишта во склоп на СРЦ Билјанини Извори.

 |  Голабовски Крсте  | 
тенис

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува охридската јавност дека започнаа градежните активности околу реализацијата на проектот, изградба на тениски игралишта во склоп на СРЦ Билјанини Извори.

Проектот е во реализација на Агенцијата за млади и спорт и тој предвидува изградба на 100 тениски терени ( 20 единечни и 40 двојни ) низ територијата на Република Македонија.

тенисОхрид и Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори се дел од плановите на Агенцијата за млади и спорт така што за неколку месеци Охрид и Спортскиот центар ќе добијат најсовремени тениски терени (еден единечен и еден двоен) на задоволство на сите љубители на тенисот пред се на најмладите.

Проектот тениски игралишта се состои од единечно тениско игралиште (со едентениски терен) со димензии 21,1×39,4 метри и двојно тениско игралиште (со два тениски терена) со димензии 39,4×39,4 метри. Тениските терени ќе бидат поставени север-југ, со тврда подлога за надворешни спортски терени со сертификат од интернационалната тениска федерација ИТФ.

Терените ќе бидат со инфраструктурни приклучоци, оградени со жичана мрежа иоколу нив ќе има пристапна патека изработена од бекатон плочки. Покрај тоа ќе можат да се користат и во вечерните часови бидејќи ќе бидат осветлени со рефлектори.

За ЈП Билјанини Извори изградбата на нови , најмодерни тениски терени ,значи многу, пред се во делот на развој на спортската инфраструктура како предуслов за подобрување на финансиските параметри на претпријатието. Со започнувањето на изградбата на затворениот пливачки базен , со изградбата на најмодерно фудбалско игралиште со вештачка трева и со реализацијата на
проектот тениски терени, СРЦ Билјанини Извори и градот Охрид, сериозно, како никогаш до сега влијаат во насока на развојот на спортските навика како важен дел од здравиот и квалитетен живот за граѓаните на Охрид и секако влијаат во насока на посериозен развој на спортскиот туризам на задоволство на охридските туристички работници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top