Започна изградбата на ботаничката градина на ФТУ

Започна реализацијата на проектот за изградба на ботаничка градина на ФТУ. Добиено е одобрение од општината дека може да се гради. Темелите се веќе поставени , во тек објавувањето на тендерите за најдобар понудувач. До 22 септември треба целиот овој проект да се финализира.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Започна изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Ова е дел од проектот Вотернет во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина.

Добивме одобрение од општината дека може да се гради. Темелите се веќе поставени , во тек објавувањето на тендерите за најдобар понудувач. До 22 септември треба целиот овој проект да се финализира, а ботаничката градина да се стави во функција, вели  проф. Д-р Цветко Андреески-декан на ФТУ.

Идејата за изградба на една ваква ботаничка градина во рамките на факултетот произлегла од една анализа која ја направиле низ нашите ресторани и хотели при што увиделе дека најголем дел од продуктите кои се користат за готвење посебно зачините се набавуваат од Скопје и од странство. Од ФТУ имаат намера во својата кујна да користат домашно одгледани производи и на секој гостин да му приредат посебно доживување, сам да може од градината да си го избере зеленчукот или зачинот кој што ќе го јаде.

Тоа е основнат идеја за градината, но таа ќе послужи и како можност за добра едукација на студентите на гастрономската насока. Ќе можат во пракса да видат како се одгледуваат и за што се користат разните зачини и билки. Градината ќе можат да ја посета и професори и студенти од други сродни факултети во државава и странство, вели Проф. Д-р Андреески.

Во ботаничката градина ќе се користат одржливи извори на енергија коко што е сонцето, а со тоа ќе се оди на енергетска заштеда. Предвидено е да има и фонтана која ќе биде украс но ќе служи и за наводнување на растенијата. Градината ќе биде лоцирана позади факултетот и ќе биде застаклена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top