Утрово, под силно полициско обезбедување, со комбиња на АД „Македонски пошти“ почна дистрибуцијата на гласачкиот материјал до избирачките комисии низ дражавата. Според најавите на Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот материјалот ќе биде доставен до сите 80 општински изборни комисии и Градот Скопје.
Утрово, под силно полициско обезбедување, со комбиња на АД „Македонски пошти“ почна дистрибуцијата на гласачкиот материјал до избирачките комисии низ дражавата. Според најавите на Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот материјалот ќе биде доставен до сите 80 општински изборни комисии и Градот Скопје.
Станува збор за 4,5 милиони гласачки ливчиња и друг доверлив материјал.
Се е подготвено и денес ќе се дистрибуира цел материјал затоа што активностите ги почнавме во раните утрински часови со цел материјалот на време да пристигне во сите општини. Комбињата и камионите на Македонски пошти ги пратат и возила на МВР зашто се работи за доверлив материјал, гласачки ливчиња и изводи од гласачките списоци. Утре ќе ги предадеме и уредите за биометриска идентификација на гласачите – изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК.
На овие избори има рекореден број на кандидатски листи како на политичките партии така и на независните кандидати и советници, а за изработка на избирачкиот материјал се потрошени 60 тони хартија.
За релативно краток период од 20 дена завршивме огромна работа, односно отпечативме околу 4,5 милиони ливчиња и огромен пратечки материјал, записници и сè што е потребно за спроведување на изборите. Овие гласачки ливчиња заштитени со над 20 заштити и не е можно никакво фалсификување, ниту пренесување на ливчиња од едно на друго избирачко место, затоа што сите ливчиња се обележани и заштитени. За печатење на избирачкиот материјал потрошивме околу 40 тони хартија за ливчиња и дополнителни 20 тони хартија за записници – изјави Драги Милошевски, директор на печатницата „Киро Дандаро“.
Во недела во 8 часот ќе се отворат 3.480 избирачки места, право на глас имаат 1,8 милиони граѓани кои ќе избираат меѓу 301 кандидат за градоначалник, а потврдени се 567 листи за советници. За првпат на овие избори ќе се користи софтвер односно терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град