460 рибарски мрежи со должина од околу 33 километри денес беа запалени во Езерската полиција во Охрид.
Мрежите биле запленети во изминатите девет месеци во контроли на Охридското Езеро. Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, присуствуваше на нивното палење и при тоа истакна дека покрај мрежите се уништени и предмети користени во незаконит риболов. Јанкулоска кажа дека при контрола на државната водена граница, Езерската полиција, привела двајца албански државјани кај кои биле запленети 118 парчиња риба со тежина од над 10 килограми. Таа информираше дека е зголемена ефикасноста во борбата против недозволениот риболов.
Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се осврна и на актуелните случувања во земјава. Проговори за потрагата по двете исчезнати лица од Охрид, и при тоа кажа дека се употребени сите расположливи средства.
Јанкулоска информираше, дека денес на местото каде што биле пронајдени лични предемети на исчезната 35 –годишна жена, нуркачки екипи го пребарувале теренот во водите на езерото.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град