Охридски комуналец на корисниците кои не го имаат подмирено својот долг кон ова претпријатие им дава уште една шанса. Овој месец ЈП спроведува акција на доброволна наплата на долгот за извршена услуга подигање и транспортирање на комунален смет. Инаку уште од 2003 година ова претпријатие кон сите правни и физички лица кои навреме не го имаат сервисирано долгот за комунална услуга има поднесено тужби кои сега се веќе доспеани и правосилни. Координаторот на заедничките служби Живка Ангелоска појаснува дека поради општата економска криза одлучиле да го пролонгираат рокот за доброволна наплата и да ги поштедат корисниците од плаќање на високите камати доколку преметите се најдат пред извршните органи.
Годинава за прв пат и туристите кои имаат викенд станови во Охрид се соочија со невообичаените сметки на ЈП „Охридски Комуналец“. Ангелоска рече дека имало одредени недоразбирања со сопствениците на овие станови и воглавно со повеќето што оствариле разговор нашле заеднички јазик.
Ангелоска потенцира дека сеуште има простор и време за разговор доколку постојат некои недоразбирања со корисниците на викенд становите со можност за корекција во сумата онаму каде што навистина има услови за тоа. Инаку од ЈП „Охридски Комуналец потсетуваат дека наплатата преку извршители не само што е непожелно туку создава конфликтни ситуации и претставува и дополнително оптоварување на должниците за двојно или тројно повисока сума.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град