Охридските занаетчии се пред важна одлука. Треба да изберат нов претседател на Регионалната занаетчиска комора. Голем дел од нив сметаат дека поранешното претседателство било крајно пасивно и не ги остварило нивните очекувања и потреби. За десеттина дена треба да донесат одлука кого ќе го изберат од двајцата кандидати. На местото од досегашниот претседател Велјан Филчески на избор чекаат занаетчиите чевларот Сашо Богоески и козметичарката Сузана Наумоска. Занаетчиите од разни профили треба да одлучат кој од нив двајца ќе ја добие довербата за поактивно да ги застапуваат нивните интереси. Меѓу позначајните проблеми на занаетчиите се: како се добива звањето занаетчија, пред кого полагаат и како да се дојде до средствата од Ипар програмите наменети за нивните потреби.
Занаетчиите очекуваат од новото раководство и идниот претседател и поагресивна борба со нелојалната конкуренција. Втор приоритет е воспоставување на релација со државните институции и локалната самоуправа што досега не било случај.
Занаетчиите се жалат дека Комората досега не работела активно и тие биле препуштени сами на себе, секој со својот проблем. Укажуваат дека за време на 5 годишниот мандат на поранешниот претседател, занаетчиите биле повикани на заеднички состанок само три пати. Првата средба била на конститурирањето на Комората, а третиот деновиве на изборот на новото Собрание, што значи само една средба помеѓу нив. Активноста на работата на Комората, занаетчиите ја поврзуваат и со неплаќањето на чланарина. Од околу 170 занаетчии колку што се регистрирани во општина Охрид чланарина на Комората од 150 денари месечно, плаќале само 6-мина занаетчии.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град