Занаетчиите бараат посебна тарифа за струја

Енергетската криза ќе биде уште еден голем удар врз занаетчиите, кои во корона кризата се силно погодени и едвај врзуваат крај со крај. Те бараат од владата да бидат опфатени во посебна тарифа.

 |   | 

Поскапувањето на цената на струјата ќе биде силен удар врз занаетчиите, кој може да им стави клуч на врата на голем број дуќанџии. Овој сектор е силно погоден во пандемијата, голем број занаетчии во корона кризата се откажаа од својот занает и заминаа да работат во охридските фабрики.

Енергетската криза ќе биде нов силен удар бидејки најголемиот дел од охридските занаетчии користат електрична енергија и за греење и за своите алати. Од занаетчиската комора испратиле барање до Владата да бидат опфатени во посебна тарифа.

До владата поднесовме барање занаетчиите да бидат опфатени во посебна тарифа за наплата на електрична енергија затоа што и онака електричната енергија за нас е скапа. Се најавува нов голем бран на поскапување уште еден голем товар и поголеми шанси за затворање на занаетчиските дуќани – вели Сашо Богоески, претседател на Регионална занаетчиска комора Охрид.

Се помал е интересот за изучување занает и се помал бројот на занаетчиски дуќани низ охридската чаршија.

Многу е мал бројот на заинтересирани кои би се одлучиле да се занимаваат со занаетчиство. Пандемијата го прави своето во блиска иднина не очекувам некој подем на занаетчиството. За жал Охрид стана сезонски град град на туристи во јули и август инаку преку година градот е пуст и празен нема работа ни за занетчиите ни за трговците – додава Богоески.

Во Охрид има околу 255 занаетчии запишани во регистарот на Занаетчиската комора, кои изминативе две години едвај врзуваат крај со крај.

 

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top