Агенцијата за државни патишта веќе потпиша договор за изработка на проектна документација, со Друштвото за инженеринг и консалтинг „Чакар Партнерс“ од Скопје.
Оваа патна делница која се наоѓа во навистина дотрајана и лоша состојба, а чиишто одредени сегменти не се санирани од далечната 1969 година, ќе биде заменета сo новиот магистрален пат А3, делница Косел-Охрид-Св.Наум.
Агенцијата за државни патишта веќе потпиша договор со Друштвото за инженеринг и консалтинг „Чакар Партнерс“ од Скопје за изработка на проектна документација за новиот магистралниот патен правец. Оттаму објаснуваат дека во рамките на овој проект, ти ќе ја изработат и документацијата за приклучоците кон постојниот пат Охрид-Св. Наум, во должина од околу 7 км.
Техничката документација ќе се работи во период од 18 месеци и треба да се комплетира до март 2014 година, а за оваа намена се одвоени 79.667.346 денари, односно околу 1,3 милиони евра.Инаку предвидено е патот да почнува од селото Косел и да завршува кај граничниот премин Свети Наум. Овој зафат е вклучен во програмата за работа на владата, при што истиот треба да се реализира во периодот од 2013 до 2019 година.
Моменталната состојба на постоечкиот пат од Охрид до Свети Наум е исклучително лоша, особено во сегментот јужно од месноста Свети Стефан. Дупки и дотраен асфалт, застарени сообраќајни знаци, за’рѓани и искорнати одбојни огради на критичните места и намалена ширина на коловозните ленти, се само дел од опасностите што секојдневно ги демнат возачите на оваа делница. Само за пример, за враќање од Свети Наум и плажите на источното охридско крајбрежје, посебно во екот на туристичката сезона, на возачите им се потребни и околу пет часа за да стигнат до Охрид.
Новото магистрално решение во должина од 39 километри е предвидено да има две коловозни ленти со широчина од по 3,75 метри, а вкупната инвестиција се проценува на над 70 милиони евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град