Заменик министерот, Мирјана Секулоска се сретна со охриѓани

Заменик министерот за информатичко општество Мирјана Секулоска дојде во Охрид на средба со граѓаните.

 |  Валентина Нелоска  | 

Заменик министерот за информатичко општество Мирјана Секулоска дојде во Охрид на средба со граѓаните.

Секулоска ќе ги сослуша своите сограѓани и проблемите какао и предлозите ќе ги достави до  Владата, каде што ќе се бара решение во ресорните министерства. При  посетата проговори и за проектот Компјутер за секое дете. Заменик министерот Мирјана Секулоска потенцира дека целосно е спроведена компјутеризација  на средните училишта со што ќе се постигне висок ефект во едукацијата  на учениците.

Во основните училиште е во тек  имплементирањето, а причината за задоцнувањето Секулоска ја лоцира во слабата електрична  инфраструктура во училиштата.

Министерот за информатичко општество не даде објаснување како министерството пред година и пол ги направи роковите за компјутеризација на училиштата. Дали ресорното министерство не знаеше во каква состојба се македонските училишта на инфраструктурен план. Изостана било какво објаснување дали веќе набавената компјутерска опрема не е веќе застарена и  дали е обезбеден софтвер за сите предмети.

Не стана збор ни за тоа дали наставниот кадар е обучен за спроведување на современата наставна програма.Не изостануваат ни коменатрите околу изборот на оперативниот систем Linux, бидејќи присуството на оперативниот систем Windows во Макеоднија е поголем од 90 насто. Сепак времето ќе покаже дали компјутерите ќе бидат средство за спроведување на современата настав или украс на училишните клупи.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top