Заменикот министер за здравство д-р Владимир Поповски, оствари средби со граѓаните од Пештани и Трпејца, како дел од активностите на Владата за транспарентно работење.
Заменикот министер за здравство д-р Владимир Поповски, оствари средби со граѓаните од Пештани и Трпејца, како дел од активностите на Владата за транспарентно работење.
Д-р Поповски рече дека во Охрид дошол пред се да ги чуе проблемите на граѓаните и непосредно да ги запознае состојбите во примарното здравство. При тоа Д-р Владимир Поповски кажа дека граѓаните ставиле забелешки на работата на итната медицинска помош во овие две населени места,но и на други локални проблеми од останатите министерства кои министерот ќе ги проследи понатака.
Денешната средба со граѓаните ја направил со раководниот тим на Здравствениот дом Охрид, но најави дека наскоро слична средба ќе оставри и со останатите раководни тимови од болниците во регионов.
На прашањето дали може скоро да се очекува во охридската болница да се изведуваат оперативни зафати на очи, заменикот министер најави дека тоа како проект е во план, но кога ќе има подготвен тим. За зградата на Маларична, министерот наговести некаков план, но не откри поточно за што станува збор, а најави дека наскоро ќе биде реализиран.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град