Заменети искинатите знамиња на плоштад и Самоилова тврдина

Од утрово на јарболите на плоштадот и на Самоилови тврдини заменато дотраеното државно знаме. Откако подолг период на двата јарболи се вееше искинато државното знаме ТВМ побара информација од надлежните зошто не се врши нивно повлекување и замена со нови согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната. Владината служба по укажувањето експресно реагираше.  

 |   | 

Државното знаме на Македонија на јарболот на плоштадот Св. Климент Охридски и на Самоиловите тврдини со месеци се вееше искинато.  Тоа не само што им предизвикува непријатно чувство на граѓаните да го гледаат националниот симбол во таква состојба и е лоша слика за посетителите на градот туку е и противзаконито.  ТВМ побара информација од локалната самоуправа во чија надлежност е одржување и замена на државното знаме поради дотраеност а е истакнато на јарбол на културни знаменитости во Охрид.

Од општината со одговор дека не е во нивна надлежност одржувањето на јарболите со државното знаме на плоштадот и на  тврдината туку дека тие се грижат само за знамињата што се поставуваат низ улиците за време на одбележување државни празници.

Се обративме и до Министерството за култура, од каде ни беше кажано дека веднаш ќе контактираат со владините служби по што добивме одговор дека во најкраток рок ќе се интервенира. Тоа очигледно беше и направено затоа што утрово на јарболите во Охрид се веат нови знамиња.

„Почитувани, знамињата на двата големи јарболи во Охрид се во надлежност за Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Северна Македонија. После вашите укажувања, државните знамиња на двата јарболи веднаш се заменети со нови. Во прилог ви доставуваме фотографии.“

Замената на државното знаме доаѓа во очи на 11 Октомври Денот на народното востание.
Инаку, согласно член 6 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, „ Грбот и знамето не смеат да се употребуваат ако се дотраени, неуредни, искинати или на друг начин оштетени, или со својот изглед се неподобни за употреба. Оштетените или за употреба неподобните грб и знаме на Република Македонија се повлекуваат од употреба. “

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top