Заливот на коските ќе се санира

Заливот на коските ќе се санира. Неопходни се интервенции на овој локалитет поради оштетувањата со кои се здоби при невремето од пред два месеци. Во текот на летниот период треба да завршат градежните работи, а тоа нема да пречи за туристите да го посетуваат.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ќе се санираат објектите на познатиот локалитет Залив на коските. Поради оштетувањата кои ги предизвика невремето кое го зафати нашиот регион пред два месеци неопходно е да се извршат некои поправки на видиковците кои се покриени со шиндра и на дел од објектите на палафитната населба. Тендерот за најдобар понудувач за извршување на овие зафати веќе е завршен, така да нема причина повеќе да се чека за да се започне со работа.

Со работа започнуваме веќе деновиве за зимата да ја пречекаме подготвени бидејќи ако вакви зафати се прават на зима може да дојде до уште поголеми оштетувања, вели тања паскали бунташеска- директор на НУ „Завод и музеј“.

Санацијата на овој комплекс треба да трае околу два месеци, а додека се извршуваат градежните работи нема да има попреченост во посетата на Музејот на вода. Реконструкцијата е планирано да се прави во етапи.

Зафатите нема да попречат во посетувањето од страна на туристите. Најпрво ќе започнеме со половните опшивки на музејот, ќе се направат и одредени освежувања на ентериерот на музејот, ќе се санираат видиковците и дел од палафитните објекти на кои  им се оштетени покривите, вели Паскали Бунташеска.

Инаку според податоците со кои располага Завод и музеј комплексот на Музејот на вода е најпосетуваното место во градов. Околу 40 000 туристи го виделе овој локалитет во текот на една година. Тоа е добра бројка, а за да се задржи неговиот висок рејтинг мора постојано да се инвестира во неговото одржување, вели Паскали Бунташеска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top