Закупците на охридските билборди познати, но што ќе се рекламира?

Познати закупувачите на билбордите и сити лајт рекламните панели. Јавниот оглас кој го објави општината за оваа намена заврши на 25ти Март со јавното отворање на понудите. Од вкупните 104 микролокации само 7 останаа незакупени. Парите од закупнината почнаа да се слеваат во општинската каса.

 |  Мишел Наумовски  | 
bilbordi
билборди

bilbordiОпштина Охрид пред извесно време објави јавен оглас за издавање на микролокации за истакнување реклами. Станува збор за вкупно 104 микролокации од кои 75 (седумдесет и пет) се рекламни панели, додека 29 (дваесет и девет) се светлечки рекламни паноа. Критериум за избор на најповолна понуда била највисоката понудена цена за закуп по микролокација. Изготвен беше и графичкиот приказ на микролокациите кои што беа предмет на јавниот оглас. Понудите што пристигнале во Општината биле јавно отворени на 25 Март, по што биле избрани најповолните закупувачи. Тие ќе располагаат со рекламните микролокации во наредните 5 години.

Акцент медиа и Лазов груп се двете скопски фирми кои одговорија на јавниот оглас на општината за истакнување реклами на територијата на општина Охрид. Од вкупно 104 микролокации кои беа понудени во огласот, беше аплицирано за 97 од кои Акцент медиа доби 50 додека Лазов груп 47 локации.

Седумдесет и петте рекламни панели се со димензии 500×310 сантиметри додека дваесет и деветте сити лајт рекламни панели или светлечките панели се со димензии од 160×100 сантиметри. Сите104 микролокации кои биле понудени во јавниот оглас се всушност веќе постоечки локации потенцираат од општината. Двете фирми кои ги добиле микролокациите ги исполниле сите услови доставени од општината. Меѓу другото, понудувачите требало да имаат годишен приход од најмалку 50 милиони денари во индустријата за надворешно рекламирање, активни договори со клиенти од најмалку 10 општини и минимум од 15 вработени. Тие се обврзани да и плаќаат комунална такса на општината согласно Законот за комунални такси и Одлуката на Советот на општина Охрид. Останува да видиме на колку од овие рекламни паноа ќе блеснат реклами, колку од нив ќе послужат како рекламен простор за престстојните вонредни парламентарни избори, а колку од нив ќе останат празни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top