• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Законот за вршење угостителска дејност претрпе измени во корист на приватните станоиздавачи

Законот за вршење угостителска дејност претрпе измени во корист на приватните станоиздавачи

Законот за вршење угостителска дејност претрпе измени во корист на приватните станоиздавачи. Им се овозможи на приватните станоиздавачи кои се наоѓаат под ист покрив да можат легално да ги издаваат леглата. Ова е резултат на едногодишната борба на Локалната самоуправа и ТЛЕР, со подршка на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Министерството за економија, а најмногу на  залагањето на охридските пратеници.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Собранието на РМ ги донесе измените на членот 46 од Законот за вршење угостителска дејност со што им се овозможи на приватните станоиздавачи кои се наоѓаат под ист покрив како што е случајот со стамбените згради да можат да ги издаваат своите објекти. Досега право на тоа имаше само еден станоиздавач и тоа по принципот прв дојден, прв услужен. Сите наредни барања за вршење туристичка дејност беа одбивани од Комисијата за категоризација. Локалната самоуправа и ТЛЕР, со подршка на Агенцијјата за подршка и промоција на туризмот, Министерството за економија, а најмногу со  залагање на охридските пратеници после едногодишна борба успеаја да ги направат овие измени.

Ние имавме слух за потребите на граѓаните  на Охрид и за потребите на станоиздавачите кои беа силно погодени со овој член на Законот за угостителска дејност. На средбите кои ги одржавме со нив сфативме дека поголема група на туристички работници се лишени од вршење на оваа дејност, вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Од ваквите измени на законот  за вршење угостителска дејност големо задоволство искажаа приватните станоиздавачи кои и се заблагодарија на локалната за нејзиното разбирање и залагање.

Конечно Охрид ги доби правите норми за работа во туризмот кои важат во целиот свет. Во Охрид со измените на овој закон се отворија нови 2000 работни места, вели Коста Карадимче-станоиздавач.

Од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид велат дека според претходното решение на законот имало сериозно ускратување на правото на приватните станоиздавачи па затоа многу од нив нелегално се занимавале со оваа дејност.

Со задоволство можам да кажам дека сега сите станоиздавачи можат да се регистрираат и да ја обавуваат законски легално оваа дејност, рече Цветко Андреески-деканот на ФТУ.

Инаку во Охрид има околу 450 станоиздавачи кои имаат свои објекти во колективни згради , а голем дел од нив од таму ги обезбедуваат средствата за својата егзистенција. Сега на нив е редот да се регистрираат за да можат легално да ја извршуваат туристичката дејност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top